април 15, 2026

Дефанзивните слабости ја чинеа Барселона пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Атлетико со вкупен резултат 3:2 ја елиминира Барселона.

Барселона имаше подобри шанси, особено во реваншот во Мадрид, но Атлетико трпеливо ги чекаше своите шанси и пред се грешките во дефанзивата на противникот.

Во двата натпревари во Лигата на шампионите, Атлетико три пати на ист начин ја надигра одбраната на каталонците. „Јорганџиите“ од тие акции изнудија два црвени картони, Лукман постигна гол синоќа, Хулијан Алварез во првиот меч од слободен удар погоди, откако Пау Кубарси доби црвен картон.

„Болно беше да се гледа натпреварот. Тимот започна одлично, Ламин Јамал и Феран Торес постигнаа голови рано, играа со радост, доминираа во првото полувреме. Потоа повторно се случи истата стара приказна. Победивме со 2:1, но испаднавме. Тоа не е доволно добро за Барселона“, рече поранешниот тренер на Барселона, клупската легенда, Чави.

Смета дека Барса не била доволно силна за натпревар од ваков интензитет и важност.

„Не можеш да дозволиш Лукман да постигне гол на таков начин, не можеш да останеш со десет играчи поради црвениот картон на Ерик Гарсија. Колку пати сме го виделе ова? Имаме талент, имаме млади играчи, но менталитетот во овие европски ноќи е сè уште кревок. Атлетико покажа борба, организација и ДНК-та на Симеоне, никогаш не се откажуваа. Ми се допаѓа она што го гради Флик, фудбалот под негово водство може да биде прекрасен, но на ова ниво, потребна е цврстина. Мора да ја управуваш играта кога ја имаш контролата. Пропуштивме шанса. Секогаш е тешко да се вратиш по 0:2 од првиот натпревар, но синоќа имавме шанса и не ја искористивме. Навивачите заслужуваат подобро.“

Foto/ Depositphotos

Share

The post Чави: Во вакви натпревари на Барселона и недостига цврстина и победнички менатлитет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK