септември 21, 2024

Мустафа Ахмед од Сомалија три месеци престојува како турист во Македонија. Тој на македонската јавност и стана познат по своите видеа во кои ги претставува убавините на нашта земја. Сега на Мустафа потребна му е помош од неговите следбеници за негово продолжување на престојот во Македонија.

Тој објави видео во кое вели дека неговите следбениците треба да направат три чекори за да неговата објава ја забележат надлежни лица од институциите, како и претседателот на Македонија за да му биде продолжен престојот во земјава.

„Македонијо, потребна ми е помош. На деновите поминати во Македонија им доаѓа крај и тоа е многу тажно. Но потребни сте ми вие, за да ми помогнете. Она што треба да го направите се три работи. Да го означите претседателот,  да означите било кој што е важен во министертсвото, споделете го видеото на ваште социјални мрежи и означете ме мене. Ми треба помош да добијам виза за да останам подолго тука. Во моментов јас имам довола да останам само три месеци. Но сакам да останам подолго за да ви ги покажам убавините на оваа прекрасна земја Македонија. Но тоа нема да можам да го направам од надвор. Потребно е да бидам тука со вас. Ако навистина сакате да останам би сакал да ми помогнете“, вели Мустафа во видеото.

Инаку тој досега има посететно повеќе од 30 земји низ светот. Тој во едно видео вели дека дал отказ од работното место само за да може да патува и дека на крајот најмногу му се допаднала Македонија и затоа решил да се пресели.

Ја пофали македонската храна и рече дека му се смешни некои од македонските изрази. Има посетено голем број македонски градови и населби, а убавите спомени ги објавува на интернет.

The post (Видео) Сомалиецот Мустафа Ахмед се заљуби во Македонија, па сега бара помош за продолжување на престојот во земјава appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK