април 16, 2026

Општина Чаир започна нов инфраструктурен проект на улицата „Дижон 15“, со кој ќе се интервенира во водоводната и фекалната канализациска мрежа, соопшти градоначалникот Изет Меџити при увид на терен.

Проектот предвидува целосна реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и изведба на 25 приклучоци за домаќинствата. Паралелно ќе се работи и на обновување на фекалната канализација во должина од 180 метри. Меџити истакна дека инвестициите во основната инфраструктура се приоритет, бидејќи директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.

„Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што ефектот е најдиректен врз квалитетот на животот. Со овој проект обезбедуваме подобри услови и повисок стандард за жителите“, изјави тој.

По завршувањето на подземните работи, улицата ќе биде целосно асфалтирана, со што ќе се подобри нејзината функционалност и уреденост.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата, во рамки на првиот повик за поддршка на локалната инфраструктура.

Share

The post Меџити: „Дижон 15“ се реконструира – чекор кон подобра инфраструктура во Чаир appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK