април 16, 2026

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот.

Хоџа истакна дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати. Целта е јасна, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK