Семејството Бекам повторно е во центарот на светското внимание откако Викторија Бекам конечно реши да проговори за нарушениот однос со својот син Бруклин, по период на молк кој дополнително ја разгоре јавната љубопитност. Во емотивна реакција, таа испрати порака дека таа и сопругот Дејвид секогаш се труделе да бидат најдобри родители, нагласувајќи дека болката од ситуацијата е огромна и лична.
Целиот конфликт излезе на површина откако Бруклин Бекам јавно изнесе серија обвинувања кон своето семејство, тврдејќи дека неговите родители со години го контролирале наративот за нивниот приватен живот и дури се мешале во неговиот брак со Никола Пелц. Тој дури отиде чекор подалеку, велејќи дека не сака помирување и дека за првпат во животот се бори за себе
Од другата страна, Викторија, според извори блиски до семејството, е длабоко погодена од овие изјави и се чувствува изневерена, уверена дека направила сè за да го заштити својот син и да му обезбеди стабилно семејство. Таа, како што се наведува, не може да се помири со фактот дека приватните семејни прашања станаа јавна тема.
Ситуацијата дополнително се комплицира со наводите дека односите се влошиле уште за време на свадбата на Бруклин во 2022 година, кога се појавиле првите сериозни тензии меѓу него, неговата сопруга и родителите. Оттогаш, конфликтот постепено ескалирал, а комуникацијата меѓу нив наводно се сведува дури и преку адвокати.
И покрај сè, извори тврдат дека Викторија и Дејвид очајнички се обидуваат да ја поправат ситуацијата и да воспостават повторно контакт со својот син, иако тој засега останува цврст во својата одлука да се дистанцира.
Оваа семејна драма, која се одвива пред очите на целиот свет, отвора прашање дали славата и јавниот притисок можат да ја нарушат и најсилната семејна врска – или пак станува збор за длабоки лични конфликти кои долго време тлееле зад затворени врати.
The post „Мајка сум, не непријател“: Викторија Бекам го скрши молкот за драмата со синот Бруклин appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
