Македонската футсал репрезентација до 19 години одигра нерешено 3:3 (2:2) вечерва против Германија во Скопје во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое во септември ќе се одржи во хрватскиот град Пореч.
Прецизни во македонскиот состав беа Павел Русевски (2:48) и двојниот стрелец Никола Анчевски (2:28, 20:09), додека головите за Германија ги постигнаа Никлас Шраде (0:17), Керем Каравмачиоглу (1:18) и Екуеви Асионгбор (29:12).
На вториот ден од квалификацискиот турнир во салата „Јане Сандански“, утре од 17 часот, ќе играат Косово и Германија, а в сабота во истиот термин во завршниот натпревар противник на Македонија ќе биде Косово.
Пласман во главната квалификациска рунда ќе обезбеди само првопласираната репрезентација од турнирот во Скопје, а квалификациите ќе ги продолжи во март во група со домаќинот Португалија, Словачка и Белорусија.
Следете не, не има насекаде