април 18, 2026

На 17.04.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран” со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници,  шест лица од другото возило „бмв” и возачот на „мерцедесот” Б.Р, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје и Градската општа болница „8 Септември” Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK