Чешката влада го преживеа обидот на опозицијата да ја собори преку гласање недоверба, нарекувајќи го потегот ПР трик за претседателските избори во земјата.
Очекувано, во средата навечер, по повеќе од 25 часа дискусија, предлогот не помина. За владата гласаа 102 пратеници, а недоверба на владата искажаа 81 пратеник.
Коалицијата на десниот центар од пет партии има 108 од 200 места во Долниот дом на парламентот и засега нема пукнатини во тој сојуз што би укажале дека владата е ранлива.
Гласањето беше побарано од главната опозициска партија на поранешниот премиер Андреј Бабиш само неколку дена по првиот круг од претседателските избори во кои Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел се изборија за влез во вториот круг.
Мала разлика во гласови
Павел освоил 35,24 отсто од гласовите, а Бабиш, кој водеше од почетокот на пребројувањето, 35,15 отсто, покажаа резултатите од првиот круг. Вториот круг е закажан за 28 и 29 јануари.
Барањето за гласање недоверба на Владата АНО го оправда со обвинувања дека владата одбива да расправа во парламентот за недостигот на некои лекови, отсуството на соодветна социјална помош и измените на данокот на додадена вредност (ДДВ).
Следете не, не има насекаде