април 18, 2026

Денеска во Општина Аеродром се одржа свеченост по повод 21 роденден на Аеродром. Настанот се одржа во паркот „Јане Сандански“, а атмосферата беше достоинствена и исполнета со гордост.

На свечениот настан, градоначалникот Дејан Митески и претседателката на Советот, Сузана Павловска, доделија признанија. Беа наградени голем број аеродромци кои имаат дадено свој особен придонес во науката, образованието, спортот, културата.

Општина Аеродром ги поддржува своите жители, секогаш ги поттикнува нивните идеи и труд и ги препознава успесите кај секој поединец. Гордоста расте со секој нов успех.

Младите се нашата сила. Тие носат енергија и визија и во нив е иднината на Аеродром. Новите генерации за општината трасираат светол и успешен пат напред.

Да продолжиме да растеме сите заедно и да создаваме нови вредности. Да градиме уште подобра заедница за сите, велат од општината.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK