април 20, 2026

На пазарот на колекционерски автомобили се појави вистинска реткост, на продажба е модел на автомобил „Џордан 191“ со број на шасија 6.

Станува збор за моделот што пред 35 години, во светото на Формула 1 влезе легендарниот Михаел Шумахер. Овој модел, со впечатлива зелена боја, остана речиси непроменет до ден-денес, и како што стојат работите, само некој со исклучително длабок џеб ќе може да го вклучи во својата колекција.

Приказната за овој модел започна на Хунгароринг, каде што Андреа де Чезарис го демонстрираше својот квалитет пробивајќи се низ поредокот и навестувајќи дека тимот „Џордан“ има сериозен потенцијал.

Сепак, неговиот вистински историски момент се случи подоцна, на познатата патека Спа-Франкоршамп.

Откако тогашниот возач Бертран Гашо заврши во затвор, младиот Михаел Шумахер доби шанса. И покрај неговото неискуство, тој остави силен впечаток, по што подоцна на голема врата влезе во Формула 1.

Интересно е што во 2021 година, автомобилот повторно се најде во центарот на вниманието, кога синот на легендата, Мик Шумахер го возеше на патеката Силверстоун, опишувајќи го искуството како исклучително емотивно.

Цената на овој автомобил не е јавно објавена, туку се доставува на барање, но на сите им е јасно дека станува збор за повеќемилионска сума.

Share

The post На аукција е ставен моделот „Џордан 191“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK