септември 21, 2024

Велешанката Ели Апостоловска (28) беше единствената девојка во Велес помеѓу 71 учесник што се фрли по светиот крст во водите на реката Вардар.

Апостоловска трет пат се пријавува на манифестацијата за Водици, а два пати се фрлала по светиот крст.

„Бог се јави- навистина се јави. Оваа година нека биде бериќетнаи полна со здравје, среќа, љубов, успеси, радости и насмевки. За многу години народе“, порача Ели.

Триесет и девет годишниот велешанец, Игор Василевиќ инаку гардист во Армијата на Република Македонија, годинава е најсреќниот пливач во водите на река Вардар во чии раце заврши Светиот крст.

Ели Апостоловска инаку беше и единствената жена комитка на овогодишниот илинденски марш до Крушево. По професија e војник во Армијата.

За тоа дали мажите имаат страв и гард кон жените кои носат униформа, Апостоловска вели: „Мажите мислам дека  чувствуваат страв кога ќе видат жена војник. Мислат  дека тоа асоцира на агресивност, ароганција. Едноставно се плашат покрај себе да имаат жената војник. Можам да кажам дека ние имаме повеќе самодоверба, отколку останатите затоа што градиме карактер на борбеност и дисциплина. Не би требало да се плашат од жена војник, би требало малку да размислат за тоа“, вели Апостоловска.

 

The post Велешанката Ели Апостоловска e единствената жена што се фрли по кртстот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK