април 22, 2026

Странски турист во Скопје бил непријатно изненаден по возење со такси, кога за кратка релација му била наплатена значително повисока сума од очекуваната.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20.04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје од страна на швајцарскиот државјанин Б.Ф.П.Х. (43).

Тој пријавил дека користел такси превоз од центарот на Скопје до Средно Водно, при што возачот му побарал и наплатил 7.800 денари. Откако патникот реагирал дека сумата е значително повисока од вообичаената тарифа, таксистот, според пријавата, станал агресивен и со возилото го напуштил местото.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, објави МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK