април 22, 2026

Стевче Алошувски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер. Тренерот поднел оставка по елиминацијата од Охрид, во полуфиналето на Купот. Алошувски го презеде Еурофарм Пелистер пред четири месеци, кога дојде на местото на Рубен Гарабаја.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа“, објави клубот на социјалните мрежи.

Заминувањето на Алушовски е кулминација на лошата сезона, на се уште актуелниот македонски шампион. Клубот не успеа да влезе во нокаут фазата во Лигата на шампионите, јасно е дека нема да ја одбрани титулата, а ужасната игра и елиминацијата во полуфиналето на Купот, само ја дополнија сликата за состојбата во која се наоѓа тимот.

До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Share

The post Еурофарм Пелистер го потврди заминувањето на Алушовски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK