Жителите на Бурса, град во Турција, утрово биле изненадени од необичен розов облак кој се појавил на изгрејсонце. Тој изгледал како да крие вонземско вселенско летало зад себе, тоа е всушност природен феномен, односно леќичен облак.
Леќилните облаци се познати по својата многу интересна заоблена форма, која навистина наликува на летечка чинија. Тие обично се формираат на надморска височина поголема од 2.000 метри, над планини или која било поголема пречка на површината на Земјата.
– Познато е дека овие чудни облаци се формираат кога ветерот дува надолу по рид или планина. Многу личат на летечките чинии од филмовите со научна-фантастична содржина. Се верува дека леќичките облаци се едно од најчестите објаснувања за НЛО – според британската метеоролошка служба, пишува Daily Mail.
– Кога ветрот дува над планински венец, понекогаш создава големи бранови на воздух, како брановите што се формираат во реката кога водата тече преку пречка. Ако има доволно влага во воздухот, движењето на брановите нагоре ќе предизвика кондензирање на водената пареа, создавајќи уникатен изглед на леќести облаци, додаваат тие.
Снимката од овој облак брзо се појави на социјалните мрежи со коментари дека изгледа како НЛО или женски гениталии. – Многу интересно, исто како и филмот „Alien“ („Осмиот патник“) – напиша еден корисник на Твитер.
Следете не, не има насекаде