септември 21, 2024

 Речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнаа во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571.

УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 до 17 јануари 2023 година, најмногу луѓе засолниште побарале во Русија, односно 2.852.395, потоа во Полска 1.563.386 луѓе и во Германија 1.021.667 луѓе.

Точниот број луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на војната, според УНХЦР, е 7.977.980.

Во Чешка пристигнале 482.049 лица, во Италија 167.925, во Шпанија 161.012, а во Велика Британија 155.500 лица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK