Фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола.
Првиот ден на Винскиот Фестивал во Битола е резервиран за првото наздравување.
Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов.
Вториот ден е за оние, како што велат организаторите, кои знаат дека најдоброто вино во Битола е она што се пие во добро друштво.
На 8 мај ќе настапат резидент диџеј, „Lockdown“, „Камерен оркестар Битола“ и DJ Гоце Саф.
Од мелосот на Љубојна до лудата енергија на Паркети – вечерта ја затвораме тридневната винска магија.
На 9 мај, вечерта е резервирана за настап на резидент диџеј, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.
Викендот заслужува шанса за уште една чаша повеќe, е поканата од организаторите на фестивалот, кои додаваат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.
Идејата е овој фестивал да прерасне во препознатлив мајски настан во градот, а ја има поддршката од Општина Битола.
The post Вино и музика во центарот на Битола: Најавен Вински фестивал пред Офицерскиот дом appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
