Премиерата на долгоочекуваниот филм „Ѓаволот носи Прада 2“ во Њујорк донесе вистински моден спектакл, но вниманието овојпат целосно го украде актерката Емили Блант, која се појави во креација што веднаш стана главна тема на социјалните мрежи.
Иако Мерил Стрип и Ен Хатавеј веќе некое време се во центарот на вниманието со своите впечатливи модни избори за време на промоцијата, Блант со едно појавување успеа да ги засени сите.

За оваа пригода, таа избра спектакуларен фустан од модната куќа „Скијапарели“, дел од колекцијата пролет 2026, зад кој стои креативниот директор Даниел Роузбери. Креацијата е вистинско уметничко дело, со скулпторски дизајн кој комбинира корсет од рафија и богато, слоевито здолниште со впечатлив волумен.

Станува збор за висока мода која совршено се вклопува со духот на филмот, каде модата игра централна улога. Токму затоа не изненадува што ваквиот стил доминираше на црвениот тепих.
Целиот изглед Блант го заокружи со луксузен накит од куќата „Микимото“, од колекцијата Les Pétales Place Vendôme Rosés. Ѓерданот бил украсен со 156 бисери Акоја, додека нараквицата содржела дури 243 бисери, што дополнително ја нагласи елеганцијата на нејзиниот стајлинг.
Посебен момент на вечерта беше реакцијата на Мерил Стрип, која, според видеата што брзо се проширија на интернет, останала без зборови кога ја видела Блант во оваа креација. Додека Емили позирала пред фотографите, Стрип со восхит ја следела, воодушевена од изгледот на својата колешка.
Филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ веќе предизвикува огромен интерес кај публиката ширум светот, а ваквите моменти од премиерата дополнително ја зголемуваат возбудата околу неговото прикажување.
Со ова појавување, Емили Блант уште еднаш потврди дека не е само врвна актерка, туку и вистинска модна икона која знае како да го освои црвениот тепих.
The post (ВИДЕО) Емили Блант го украде шоуто во Њујорк: Мeрил Стрип остана без зборови пред нејзиниот фустан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
