април 24, 2026

Актерот одеднаш ја дознал шокантната семејна тајна.

Актерот Џек Николсон денес го слави својот 89-ти роденден, според Yahoo.

Иако постигнал завидна актерска кариера, неговиот приватен живот е обележан со бројни скандали, како и со неверојатното сознание дека целиот свој живот живеел во лага.

Имено, на 37-годишна возраст, тој открил дека неговата сестра Џун Франсес Николсон всушност му е мајка. Џун ја смислила оваа семејна лага бидејќи имала 17 години кога го родила Џек и не била сигурна кој е таткото. Некои велат и дека знаела дека таткото на детето е маж по име Дон, кој веќе бил оженет. Во 1930-тите, ова било голем срам, а за да го заштити семејството, баба Етел Меј го претставила Џек на сите како свој син, кога всушност тој бил нејзин внук.

Џек веројатно немаше да ја дознае вистината доколку списанието „Тајм“ не одлучи да направи сторија за неговиот живот. Новинарите почнаа да го истражуваат минатото на Џек и му ја кажаа шокантната вистина.
„Накратко, ова е најбизарното нешто што некогаш сум го слушнал. Некој ми се јавува и ми кажува дека мајка ми всушност не ми е мајка, туку дека сестра ми е всушност мајка“, рече тој еднаш.
Додека ја откри вистината, и неговата баба, која ја сметаше за своја мајка, и неговата вистинска мајка, која ја нарекуваше своја сестра, веќе починале, што дополнително го потврдува фактот дека никогаш не сакале да му ја кажат вистината.
Растејќи, Николсон оставал впечаток на добар и семеен човек, но вистината била сосема поинаква. Во текот на својот живот, имал дури 5.000 љубовници, според неговата биографија. Никогаш не криел дека жените му се најголем порок и дека жали што повеќе не е неодолив за спротивниот пол.

Тој има шест деца, но никогаш не запознал едно од нив. Тоа е Теса Гурен, со која никогаш немал контакт, ниту ја признал како своја ќерка. Таа е родена во 1994 година, а нејзината мајка, поранешната актерка Жанин Гурен, ја добила од кратка врска со Џек. Иако и мајката и ќерката постојано повторуваат дека тој е нејзин биолошки татко, Џек го негира тоа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK