април 25, 2026

Засилена полициска акција денеска беше спроведена во Скопје, при што на удар беа моторите, скутерите и останатите лесни моторни возила. Во контролата биле санкционирани вкупно 105 возачи за различни сообраќајни прекршоци.

Контролата се реализирала од 12:00 до 20:00 часот на подрачјата на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир, а била насочена кон возачите на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли.

Најголем број прекршоци биле регистрирани за неносење заштитен шлем, при што 50 возачи биле казнети затоа што управувале без кацига. Дополнително, 11 лица биле затекнати без возачка потврда, а санкционирани биле и возачи без сообраќајна дозвола, нерегистрирани возила и други прекршоци.

Во текот на акцијата бил привремено одземен и еден мотоцикл кој бил нерегистриран повеќе од шест месеци.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK