април 26, 2026

Кошаркарите на Минесота го победија Денвер со 112:96, и се начекор до пласман во конференциското полуфинале.

Ова беше трета победа по ред на Тимбервулвс против Јокиќ и дружината во оваа серија.

Централна фигура на вториот натпревар во Минеаполис беше, без сомнение, Ајо Досунму, кој го одигра натпреварот на својата кариера, и тоа како резерва, постигнувајќи дури 43 поени. Ова се најголем број на постигнати поени за играч од клупата на резерви, во плејофот, во последните 50 години.

Од друга страна, дуелот го одбележа и Никола Јокиќ, со уште една одлична игра (24п, 15ск, 9ас), но овој пат и во негативна смисла бидејќи предизвика тепачка меѓу играчите на двата тима во последните секунди од натпреварот.

На Јокиќ не му се допадна потегот на Џејден МекДениелс на самиот крај, тој го сметаше положувањето, во ситуација кога мечот беше одамна решен. за провокација, па нервозен се стрча кон него на другиот крај од теренот.

Потоа настана хаос на клупата на домашниот тим. МекДениелс и Јокиќ беа во клинч, потоа се вмешаа и другите играчи на двата тима… На крајот, епилогот од инцидентот беше исклучувањето на највоинствените од двете страни – Јокиќ и Рендл.

Повредите на Ентони Едвардс, но и на Донте Девиченцо, исто така го одбележа овој бурен натпревар.

ДиВинченцо се повреди веќе во 79-та секунда.

Едвардс помина 18 минути на теренот, запишувајќи пет поени (1/8 за три), но лошата вест е дека би можел да го пропушти остатокот од плејофот ако се покаже дека има посериозна повреда на коленото.

Share

The post (Видео) Денвер пред елиминација – Јокиќ исклучен, Досума го растури Денвер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK