април 26, 2026

На 25.04.2026 во 16:10 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(74) Скопје.

Според пријавеното, додека С.Д. се превезувала со автобус бр.9, кај Бит Пазар, возачот нагло закочил, при што С.Д. паднала и се здобила со повредите.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK