Алекс Маркез ја прекина импресивната серија на Марко Беcеки и ја освои Големата награда на Шпанија, додека неговиот брат Марк излета од патеката во вториот круг.
Беcеки, Ди Џанантонио и Мартин беа зад Алекс, додека Огура беше петти во конечниот пласман.
Со одличен старт, Марк Маркез го задржа првото место и се лансираше пред конкуренцијата, а Бецеки успеа да го прескокне Зарко и да се пробие веднаш зад Шпанецот. Хорхе Мартин исто така имаше одличен старт, но Алекс Маркез го обележа почетокот на трката со брилијантен потег.
Прво го престигна лидерот во шампионатот, а потоа и својот брат и ја презеде лидерската позиција. Потоа седумкратниот шампион, направи грешка, излета од патеката на чакал и се откажа. Алекс остана сам пред возачите на Априлија и Фабио ди Џанантони.
La caída de Marc Márquez que le ha dejado fuera en el inicio de la carrera de MotoGP #MotoGP #SpanishGP
pic.twitter.com/a9sbFeNQOu— Speed Sector (@SpeedSectorF1) April 26, 2026
Возачот на Гресини Дукати, во наредните кругови направи недостижна предност за конкурентите.
Првото место во генералниот пласман на возачи го држи Бецеки со 101 бод, 11 повеќе од неговиот тимски колега Хорхе Мартин .од Априлија е втор со 90.
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 10 мај за Големата награда на Франција.
Foto/ EPA
The post (Видео) Алекс победи во Херез, Марк не ја заврши трката appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде

La caída de Marc Márquez que le ha dejado fuera en el inicio de la carrera de MotoGP 