септември 21, 2024

Драго Макај поради сопругата која тешко дишела и со неподносливи болки среде ноќ двапати се јавил во Итна помош. Како што тврди, на дежурниот диспечер се обидел да му укаже на тешките симптоми кои ги имала неговата сопруга. Неколку пати, вели, спомнал и дека неодамна била оперирана. Меѓутоа, дури шест часа подоцна пристигнала брза помош и ја однеле во болница, каде што починала следниот ден.

„Гнев, ужасен гнев. Едноставно не можам да се помирам со тоа денес. Повикавме Итна помош но тие стигнаа по 6 часа“, изјавил за Драго Макај, сопругот на починатата, а пренесува Дневник.хр.

Пред шест месеци сличен случај се случи и во Сплит. Тогаш помош побарал новинарот Владимир Матијаниќ, кој според тврдењата на неговите колеги и роднини не ја добил.

Од Заводот на Вараждинската жупанија тврдат дека сè било според правилата по кои се води Итната помош дадени од МЗ, но самите здравствени работници велат дека здравствениот системот е во сериозни проблеми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK