април 27, 2026

Килијан Мбапе нема да игра до крајот на сезоната во Шпанија, тврдат локалните медиуми. Според овие извори, одлуката, која предизвика паника во Франција, била донесена од претпазловост.

Мбапе, неодамна конечно се врати на теренот, но во финишот од натпреварот против Бетис, побара замена и се појави информација дека Мбапе повторно има проблеми со коленото, кое го мачи со месеци.

Вчера бил подложен на детални прегледи кои покажале дека станува збор за лесна повреда, но се чини дека Реал не сака ништо да ризикува.

Медиумите во Шпанија објавуваат дека Мбапе веројатно нема да игра за Реал до крајот на оваа сезона, што е голем удар за тимот на Алваро Арбелоа, особено затоа што имаат Ел Класико против Барселона на 10 мај.

Сепак, Мбапе е тој што не сака ништо да форсира бидејќи е многу важно за него да биде подготвен за Светското првенство.

Веста од Мадрид многу ја загрижи јавноста во Франција и многумина се прашуваат каква е вистинската состојба на коленото на напаѓачот на Реал, со оглед на тоа што тој не може да фати континуитет во 2026 година.

Тие се загрижени дека ситуацијата околу Мбапе може да биде посериозна отколку што се претставува во јавноста и дека сигуено сериозна е причината што побарал да не игра до крајот на сезоната.

Реал Мадрид ќе одигра уште пет натпревари во Ла Лига до крајот на сезоната, а покрај Барселона, ќе играат и против Еспањол, Овиедо, Севилја и Атлетик Билбао.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Реал нема да ризикува со Мбапе – Напаѓачот нема да игра до крајот на сеозната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK