април 27, 2026

Општина Прилеп започна со проектирање на обиколница околу градот, проект кој ќе биде финансиран и реализиран од Владата, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Прилеп.

Заедно со градоначалникот Дејан Проданоски, Николоски изврши увид во реконструкцијата на Кеј 1. Мај, истакнувајќи дека Владата ќе даде силна поддршка за инфраструктурниот развој на градот.

Според него, обиколницата е еден од најважните проекти за Прилеп, кој треба да го растовари сообраќајот и да ја подобри безбедноста.
„Општината ќе го изработи проектот, а Владата ќе преземе обврска да го финансира и реализира. Ова е едно од нашите клучни ветувања“, изјави Николоски.

Тој додаде дека паралелно се работи на повеќе значајни инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на Кеј 1. Мај, која се реализира со поддршка од Министерството за транспорт и Светската банка, како и проекти за улицата „11 Октомври“ и мерки за смирување на сообраќајот во градот.

Николоски најави дека следува период на засилена градежна активност, при што Прилеп ќе биде во фокусот на инвестициите.
„Завршен е експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, а ќе се работи и делницата од Фариш до Прилеп. Паралелно се гради автопатот Прилеп–Битола. Ова значи дека градот добива сериозен инфраструктурен развој“, нагласи тој.

Градоначалникот Проданоски истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи со динамична реализација на проектите, најавувајќи и нови инвестиции во паркинг-простор и урбано уредување, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и поттикнување на локалниот економски развој.

Проектот за обиколница се очекува да биде клучен чекор во модернизацијата на сообраќајната инфраструктура на Прилеп и подобро поврзување со останатите делови од земјата.

Share

The post Николоска: Прилеп добива обиколница: стартува проект што ќе го растовари градот и ќе го забрза развојот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK