април 28, 2026

Едер Милитао (28), дефанзивецот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, нема да игра на Светското првенство, кое започнува за 50 дена.

Наместо да оди на Светското првенство во САД, Милитао оди во Финска на операција поради тешка повреда на мускулното ткиво. Тој ќе се врати на теренот за шест месеци, во октомври.

Милитао има големи проблеми со повредите во последните три години. Во тој период, двапати ги скина вкрстените лигаменти, еднаш доживеа руптура на мускулно влакно, а веднаш по закрепнувањето од таа повреда ја доживеа актуелната, исто така поврзана со мускулите.

Поради сето погоре наведено, бројот на натпревари што ги пропушти од летото 2023 година до есента оваа година ќе надмине 150.

foto/ Depositphotos

Share

The post Наместо на СП, Милитао оди на операција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK