Сан Антонио, по Оклахома, е вториот тим што избори место во втората рунда од плејофот во НБА лигата.
Спарс се пласираа во полуфиналето на Западот откако го добија петтиот натпревар од серијата против Портланд со 114:95.
Сан Антонио веќе имаше плус 20 на полувремето – 65:45 и до крајот едноставно рутински ја завршија работата. Фокс имаше 21 поен, Шампањ 19, додека Вембањама имаше дабл-дабл со 17 поени и 14 скока.
На спротивнатастрана, како и обично, најефикасен играч беше Дени Авдија, кој го заврши натпреварот со 22 поени со по три скока и асистенции.
Сан Антонио ќе игра во полуфиналето од плејофот со подобриот тим од серијата Денвер – Минесота.
Њујорк Никс ја победија Атланта со 126:97 и поведоа во серијата со 3:2. Џејлен Брансон блескаше со 39 поени и осум асистенции. Џејлен Џонсон не им помогна ниту на Хокс со 18 поени и 10 скока.
Филаделфија направи изненадување, благодарение на неверојатниот последен дел, го победија Бостон со 113:97 и го намалија резултатот во серијата на 3:2.
Резултатот во четвртата четвртина беше 28:11, а победата на Севентисиксерс им ја донесе одличната одбрана.
Џоел Ембиид постигна 33 поени со осум асистенции, а Тајрис Макси имаше 25 поени и 10 скока.
За Селтикс, Џејсон Тејтум имаше 24 поени и дури 16 скока, додека Џејлен Браун застана на 22 поени. Шестиот натпревар се игра во Филаделфија.
The post Сан Антонио го елиминира Портланд, Њујорк води, Филаделфија победи во Бостон appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
