април 29, 2026

Младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски ја претстави својата најнова музичка нумера „Рингишпил“ – емотивна поп балада која ја раскажува внатрешната борба со љубовта што заминала, но сè уште живее во мислите и спомените.

Песната носи длабока и искрена интерпретација, при што низ музика и текст се доловуваат чувствата на загуба, копнеж и немир кои остануваат по една недовршена љубовна приказна. Симболиката на насловот „Рингишпил“ асоцира на постојаното враќање на истите емоции и прашања, од кои тешко се излегува.

Музиката е на Јован Василевски, текстот го потпишува Ивана Карајан, додека аранжманот е дело на Гоце Симоноски.

Со оваа нумера, Дамјан Стоименовски се претставува во поинакво, позрело и поисповедно светло, пренесувајќи искрена емоција во песна со која многумина ќе можат да се пронајдат.

Видео спотот од песната може да го погледнете тука

Share

The post Дамјан Стоименовски ја објави „Рингишпил“ – песна што веќе се врти насекаде appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK