април 29, 2026

Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек.

Денеска увид во градежните работи направија претставници и одговорните лица на Општина Битола за овој проект.
Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни.

Претходно беше поставена тампонираната подлога со дебелина од 25 см. Дебелината на асфалниот слој е 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2.

Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој за Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти.

И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.

Share

The post Градежни работи во битолско Ротино – се уредува патот кон црквата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK