април 29, 2026

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа во Скопје, а кој обедини претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Форумот беше отворен од амбасадорот на Шведска, Ола Сундстром, а воведни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и претставници на ЗЕЛС и SALAR International.
На настанот беше нагласена потребата од системски пристап кон управувањето со отпад и воспоставување функционален и одржлив регионален систем, усогласен со европските стандарди.

„Реформите во управувањето со отпад веќе не се избор, туку неопходност за одржлив развој и почиста животна средина“, истакна Дејан Проданоски.
Од Општина Прилеп посочуваат дека локалната самоуправа активно учествува во процесите преку Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад, а напредокот е веќе видлив преку реализацијата на локалните акциски планови.

Во наредниот период, како што беше најавено, фокусот ќе биде ставен на изработката на новиот Регионален план за управување со отпад (2027–2032), кој треба да овозможи подобра координација, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување модерен систем за управување со отпад.

Share

The post Регионален форум за реформи во управувањето со отпад во Скопје: Проданоски дел од учесниците appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK