април 30, 2026

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски ја презеде репрезентацијата на Таџикистан. Тој, во четвртокот, официјално беше промовиран во селектор на 103-та репрезентација на ФИФА листата.

Во објавата на социјалните мрежи, на Фудбалскиот сојуз на Таџикистан, се потенцира дека Ангеловски ја однесе Македонија на Европското првенство во 2020 година. Исто така се наведува дека тој ќе го подготвува националниот тим за настап на првенството на Азија, во Саудиска Арабија наредната година.

Ангеловски во кариерата бил тренер во Работнички, Каспиј, Горица и Етникос.

Foto/ Tajikistan Football Federation

Share

The post Игор Ангеловски ја презеде репрезентацијата на Таџикистан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK