април 30, 2026

Кралицата на поп-музиката Мадона ја изненадила публиката појавувајќи се на забава во Западен Холивуд, каде што извела песни од нејзиниот претстоен албум „Confessions on a Dance Floor: Part II“. Меѓутоа благодарение на нејзиниот младешки изглед, станала предмет на коментари на социјалните мрежи.

Имено пејачката целосно го затегнала лицето, а многумина сега ја споредуваат со нејзината колешка Кајли Миног.

„Отишла во операционата сала и покажала фотографија од Кајли Миног“, „Изгледа како кога повторно ја снимаше „4 Minutes“, „Како кукла“, „Пример за добро направена пластична хирургија“, се дел од коментарите.

Исто така Мадона предизвикала воодушевување кај публиката појавувајќи се во диџеј кабината и велејќи:

„Здраво, деца, мама е тука да ве спаси. Дали сте подготвени да танцувате за мене? Ајде, ајде да се сретнеме на подиумот за танцување“.

Таа ги отпеала песните „Love Sensation“ и „Freedom“, како и нејзината неодамна објавена песна „I Feel So Free“, а на присутните им рекла да ги остават телефоните, да ги кренат рацете и да уживаат во музиката.

Пејачката неодамна објави дека ќе го издаде својот албум „Confessions on a Dance Floor: Part II“ на 3 јули, 21 година по оригиналниот „Confessions on a Dance Floor“.

Share

The post Мадона со нов изглед: „затегнатото“ лице предизвика бура реакции на интернет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK