мај 1, 2026

Соопштение за јавност на Левица:

Скандалот со бруталното врсничко насилство во Ѓорче Петров ја вознемири јавноста до темел. Но, снимките и фотографиите кои ги видовме се уште погрозни од било каква претстава, а бидејќи градоначалникот Александар Стојкоски тврди дека ги видел – фрапантен е молкот на Општината после такви сцени!

Случајот не започнал и не може да започне во реонскиот парк во Ѓорче Петров (впрочем, парк кој е практично во дворот на полициската станица и каде што треба да има чувар), туку таму ја достигнал својата најтешка форма. 

Во конкретното училиште изминативе години, под раководство на Насковска, постојани се натрупуваат проблеми. Советниците од Левица во континуитет укажуваа на алармантни состојби, многу мал дел познати и голем дел незнајни за јавноста. Наместо сериозна интервенција, следеа флоскули, формални одговори и повторливи изговори дека „се работи на случајот”. Во пракса ништо не се промени, а одговорноста никако не пристигнуваше.
Па така, се создаде и впечатокот дека приоритет не е решавање на проблемите, туку хистерична заштита на раководниот кадар, односно Насковска. Токму затоа, денес имаме институционален молк кој е спротивен на сериозноста на случајот.

Особено забележителен е двојниот пристап на Општината. Во друг случај, за друго училиште, градоначалникот Стојкоски без задршка јавно на медиумите им го посочи училиштето, генерацијата, паралелката, беа сите ставени на тапет и следеа итни разрешувања без спроведена постапка. Денес владее потполна тишина и тенденција  монстуозниот случај да се заборави што побрзо.

Се штитат поединци наместо да се заштитат децата!

Во вакви околности, прашањето за одговорност не може повеќе да се одложува.

Левица бара итна оставка од директорката Гордана Насковска. Доколку истата не ја поднесе, бараме нејзино итно разрешување.

Ова не е политичко барање, туку институционален минимум. Кога во една установа се повторуваат сериозни пропусти, кога нема превенција и нема реакција, тогаш раководството мора да сноси последици.

Паралелно, ја информираме јавноста дека советничката група на Левица иницира вонредна седница во форма на надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители – директори, стручни служби и претставници од полициската станица и слично. Целта е без фасада, да се утврди каде системот потфрла и кои конкретни мерки ќе ги преземеме за растечкиот број на скандалозни случувања во општината.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK