септември 21, 2024

Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец Дани Алвеш ќе биде уапсен денеска под обвинение за сексуален напад, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Шпанскиот суд соопшти пред две недели дека е отворена истрага против Алвеш, откако жена го обвини бразилскиот фудбалер за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона кон крајот на декември лани.

Алвеш (39) тогаш ги негираше обвинувањата и тврдеше дека не ја познава жената која ја поднела тужбата.

Алвеш, кој настапи со Бразил на неодамнешното Светско првенство во Катар, од 2017 година е во брак со познатата манекенка Жоана Санц.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK