мај 5, 2026

Манекенката Ешли Греам повторно го привлече вниманието на Met Gala 2026 со еден од најнеобичните модни избори на вечерта – фустан кој буквално бил рачно зашиен директно врз нејзиното тело.

По минатогодишниот настап во елегантен костум од Boss, оваа година Греам се одлучи за сосема поинаков пристап, инспириран од темата „Костимска уметност“. За нејзиниот изглед беше задолжена грчката дизајнерка Димитра Пеца од брендот Di Petsa, познат по т.н. „wet-look“ креации кои се прилепуваат кон телото.

Фустанот, инспириран од колекцијата есен 2026, беше изработен како „втора кожа“, со техника на драпирање што создава илузија на змиска текстура. Тимот на дизајнерката го изработил целиот модел рачно, шиејќи го директно на манекенката, со што се постигнал уникатен и впечатлив ефект.

Изгледот беше дополнет со необичен детал – раце обоени во сребрена, хромирана нијанса, како омаж на уметниците и нивната рачна работа, што дополнително ја нагласи уметничката димензија на стајлингот.

Оваа вечер беше особено значајна и за самата дизајнерка, бидејќи ова е првпат нејзина креација да биде претставена на Мет Гала. „Отсекогаш сум ѝ се восхитувала на Ешли – не само поради нејзината убавина, туку и поради нејзиниот интелект. Да ја облечам за ваков настан е остварување на сон“, изјави Пеца.

Греам уште еднаш потврди дека е една од највпечатливите жени на светската сцена, докажувајќи дека убавината и самодовербата не зависат од килограмите, туку од ставот и присуството што го носи со себе.

Share

The post Ешли Греам убавина што руши стандарди и одзема здив appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK