септември 21, 2024

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека „не жали“ што доверливи документи се пронајдени во неговиот дом и поранешна канцеларија.

„Не жалам. Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму. Целосно соработуваме и со нетрпение очекуваме брзо да го решиме ова прашање“, им рече Бајден на новинарите во четвртокот додека беше на турнеја за штетите од невремето во Калифорнија.

Тој додаде дека документите веднаш по нивното пронаоѓање се предадени на Државниот архив. Адвокатскиот тим на Бајден минатата недела соопшти дека во ноември открил околу 10 досиеја во заклучен кабинет во центарот Пен Бајден во Вашингтон.

Два дена подоцна, на 12 јануари, Белата куќа објави дека во домот на Бајден бил пронајден втор сет на доверливи документи од неговото време како потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Адвокатите на претседателот пронајдоа документи во гаражата на домот на Бајден во градот Вилмингтон, Делавер, а еден доверлив документ е пронајден во соба до гаражата, соопшти тогаш Белата куќа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK