Фудбалерите на Пари Сен Жермен изборија место во финалето на Лигата на шампионите, откако ремизираа со Баерн во Минхен со резултат 1:1.
ПСЖ ќе го брани трофејот со Арсенал на 30 мај во Будимпешта. „Топџиите“ ќе играат за својата прва титула европски шампион.
Доколку Парижаните победат, ќе станат деветтиот клуб во историјата што ја одбранил титулата европски шампион, и вториот од воведувањето на Лигата на шампионите.
Момците на Луис Енрике имаат историска шанса да им се придружат на следниве тимови:
Реал Мадрид (Шпанија): Единствениот клуб што го освоил елитното европско натпреварување пет пати по ред (1956, 1957, 1958, 1959, 1960) и исто што освои три по ред во новиот формат (2016, 2017, 2018).
Ајакс (Холандија): Освои три титули (1971, 1972, 1973).
Баерн (Германија): Освои три титули (1974, 1975, 1976).
Бенфика (Португалија): Две титули по ред (1961, 1962).
Интер (Италија): Две титули по ред (1964, 1965).
Ливерпул (Англија): Две титули по ред (1977, 1978).
Нотингем Форест (Англија): Две титули по ред (1979, 1980).
Како што можете да видите, само Реал Мадрид успеа да ја одбрани титулата во ерата на Лигата на шампионите (се игра од сезоната 1992/1993),
Foto/ EPA
The post ПСЖ има историска шанса да влезе во кругот на бесмртните appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
