мај 7, 2026

Реал Мадрид и она што се случува во клубот, речиси секојдневно е тема во спортската јавност. Несогласувања со тренерот, физички пресметки меѓу фудбалерите и секако Килијан Мбапе се главни теми.

Најдобриот стрелец оваа сезона, Килијан Мбапе и неговото заминување во Италија среде сезоната, а пред тоа имаше информации дека тој имал жестока расправија со еден од помошниците на Алваро Арбелоа, кој за време на еден тренинг имал улога на линиски судија и го му кренал офсајд на францускиот напаѓач.

Тони Крос, еден од симболите на доминацијата на Реал, зборуваше на оваа тема.

„Да бидеме искрени. Оваа ситуација не започна со доаѓањето на Мбапе, туку порано. Реал се обиде да го потпише неколку пати и секој пат беше одбиен. Кога ова се случува постојано, луѓето почнуваат да ја доведуваат во прашање намерата. Однадвор, се чинеше како Реал да се користи како лост за обезбедување подобар договор на друго место. Сега кога Мбапе конечно е тука, наместо се да биде подобро, се појавија нови проблеми“, рече Крос и додаде:

„Реал Мадрид беше функционален тим, со структура, хемија и играчи кои ги знаеја своите улоги. Кога ќе пристигне играч како Мбапе, сè се менува. Не секогаш на подобро. Тој не секогаш изгледа природно на теренот. Улогата на „деветка“ не му одговара целосно, а кога клучните играчи заземаат слични позиции, тимот губи рамнотежа. Фудбалот на врвно ниво се состои од детали. Малку нервоза може да влијае на сè.“

Ситуацијата е таква што некои играчи од сегашниот тим на Реал сигурно нема да бидат во клубот следната сезона. Не само затоа што играат лошо, туку едноставно, мора да има чистка во соблекувалната.

„Надвор од теренот, можете да ја почувствувате тензијата. Кога нема добри резултати, луѓето почнуваат да зборуваат, навивачите реагираат, медиумите реагираат, дури и во соблекувалната нешто може да се промени. Ова е нормално во клуб како Реал. Сепак, кога ќе пристигне нов играч, тој може да предизвика поделба, не поради квалитетот, туку поради неговото влијание врз групата. Веќе видовме големи трансфери кои беа неуспешни. Талентот никогаш не е доволен, ако нема рамнотежа, работите лесно можат да тргнат наопаку. На Реал му требаат не само одлични играчи, туку и единство и систем во кој сите се вклопуваат. Без тоа, дури и најпознатите имиња нема да го решат проблемот“, рече Крос.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Крос: Реал не личи на тим, Мбапе ја наруши структурата во соблекувалната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK