мај 7, 2026

Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург ќе се борат за пехарот во Лига Европа. Вила во англиската пресметка го декласира Нотингем Форест со 4:0, додека Фрајбург ја искористи предноста, играше од седмата минута со фудбалер повеќе и ја победи Брага со 3:1.

Специјалистот за Лига Европа, Унаи Емери, сега тренер на Астон Вила, шести пат во кариерата ќе се бори за трофејот во ова натпреварување. Три пати победи со Севилја, еднашп со Виљареал, пораз доживеа само со Арсенал.

Форест пристигна во Бирмингем со минимална предност, но надежите за трето европско финале брзо почнаа да се топат. Домаќините наметнаа силен ритам од самиот почеток, а Оли Воткинс го скрши отпорот на гостите во 36-та минута, кога го израмни вкупниот резултат по асистенција на Буендија. Притисокот на Вила продолжи и во второто полувреме, а во 58-та минута Буендија го дуплираше водството од пенал и го донесе својот тим на прагот од финалето.

Кога се чинеше дека на Форест му треба само еден гол за продолжение, капитенот на Вила, Џон Мекгин, стапи на сцена и ги реши сите дилеми со два брзи гола. Прво, во 77-та минута, откако Воткинс му ја спушти топката, тој го погоди долниот агол со прецизен удар од работ на шеснаесетникот за 3:0.

Само три минути подоцна, Мекгин повторно ја погоди мрежата. Морган Роџерс го пронајде на околу шеснаесет метри оддалеченост, а шкотскиот играч од средниот ред мирно ја испрати топката во блискиот агол за конечни 4:0.

Натпреварот во Фрајбург започна во фантастична атмосфера, со импресивна кореографија од навивачите на Фрајбург кои го обоија целиот стадион во црвено-бели бои. Но, драмата започна веќе во шестата минута. По брзата проигрување, Јан-Никлас Бесте се најде сам пред голот, а Марио Доргелес го собори како последен играч во одбраната. Судијата Давиде Маса веднаш покажа директен црвен картон, оставајќи ја Брага со десет играчи на теренот.

Со играчот повеќе, Фрајбург ја презеде целосната контрола. Притисокот се исплатеше во 19-та минута. По центаршутот на Винченцо Грифо и лошото расчистување од гостинската одбрана, топката дојде до Лукас Киблер, кој некако успеа да ја турне во мрежата од за водство од 1:0.

До крајот на полувремето, Фрајбург продолжи да доминира, а во 41-та минута Јохан Манзамби го погоди горниот десен агол со прекрасен удар од 20 метри за 2:0, отворајќи ја вратата кон финалето.

Сепак, Брага ги покажа заби во судиското продолжение од првиот дел, создавајќи огромна двојна шанса. Прво, Виктор Гомез ја погоди стативата, а потоа ударот на Залазар од гол-линијата го одбрани дефанзивецот Треу.

Во 72-та минута приказната заврши. По центаршутот на Грифо од слободен удар, Лукас Киблер скокна највисоко и со глава ја протурка топката под пречката за 3:0. Тоа беше неговиот втор гол во натпреварот, со кој стана апсолутен херој на полуфиналето и започна голема прослава на трибините на стадионот „Европа-Парк“. До крајот на натпреварот, Брага постигна гол, во 79-та минута, преку Пау Виктор, потоа притисна со играч помалку, но Фрајбург успеа да се одбрани и да се пласира во првото европско финале.

Финалниот меч се игра на 20 мај во Истанбул.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Астон Вила ги растури „Шумарите“, Брага со играч помалку не издржа против Фрајбург appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK