мај 8, 2026

Рајо Ваљекано, синоќа испиша нова страница во клупската историја. Малиот клуб од Мадрид, избори пласман во своето прво финале. За трофејот во Конференциската лига ќе се бори со Кристал Палас.

Рајо Ваљекано, полуфиналните натпревари со Стразбург ги доби со по 1:0, и со тој успех го обезбеди петтото место за шпанските клубови во Лигата на шампионите следната сезона.

Победата во Стразбур, придонесе шпанската лига да биде недостижна за германската Бундеслига во борбата за дополнителен претставник во најелитното европско натпреварување.

Шпанија ја доби битката со Германија и покрај победата на Фрајбург од 3:1 над Брага, победата на Рајо Ваљекано беше клучна, давајќи ѝ на Шпанија одлучувачки поени за коефициентот на УЕФА.

Шпанија така ја заврши борбата со 22.094 поени, додека Германија остана на 21.786.

Тензијата продолжи до полуфиналето поради претходната елиминација на Селта и Бетис, а ситуацијата беше дополнително искомплицирана со израмнувачкиот гол на Хари Кејн во натпреварот помеѓу Баерн и ПСЖ, кој ја намали предноста на Шпанците на само 0,424 поени.

Сепак, победата на Рајо беше доволна за да се обезбеди петтото место, без оглед на исходот од натпреварот во Фрајбург.

Со обезбеденото дополнително место, борбата за европски позиции во шпанското првенство станува уште поинтензивна. Според моменталниот пласман, Бетис би одел во Лигата на шампионите како петтопласиран тим. Селта и Реал Сосиедад би играле во Лигата на Европа, додека Хетафе би добил место во Конференциската лига.

Сепак, борбата е целосно отворена бидејќи разликите се минимални.

Четири кола пред крајот на првенството, во игра се 12 бода, а неколку тимови чекаат шанса да се квалификуваат за Лигата на шампионите: Атлетик (8-ми со 44 бода), Реал Сосиедад (9-ти со 43), Осасуна (10-ти, 42) па дури и Рајо (11-ти, 42).

Веќе е јасно дека место во Лигата на шампионите обезбедија: Барселона, Реал, Виљареал и Атлетико Мадрид.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Победата на Рајо Ваљекано во Стразбур ја славеа и во Бетис appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK