Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша веќе подолго време е на мета на медиумите, особено откако дозна дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ со кој има две ќерки Атина и Ника. Пејачката е позната и по својот уникатен моден стил и луксузниот живот.
Јелена живее во луксузна вила на белградско Дедиње, но нејзините почетоци биле многу поскромни.
Порано живеела со мајка си Дивна во помал стан во Нов Белград, додека за споменатата вила во која денес живее со ќерките наводно платила 2,5 милиони евра.
Карлеуша во емисијата „Музичка кутија“ ги покажа своите вештини во кујната, подготвувајќи печено пилешко, шницли и зелена салата.
Гледачите имаа можност да видат како изгледа дел од станот, кој е со големина на нејзината сегашна гардероба.