мај 8, 2026

Каролин Левит, која на само 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, повторно стана мајка и радосната вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Левит објави фотографија од своето второ дете – ќерката Вивијана, која, како што откри, во семејството пристигнала на 1 мај.

„Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат прекрасно се адаптира на животот со новата сестра. Уживаме во секој момент со нашето бебе“, напиша Левит во емотивната објава.

Портпаролката на Белата куќа откри и дека од 24 април е на породилно отсуство, додека нејзиното последно појавување во прес-салата било на 28 април, по инцидентот кога вооружен напаѓач се обидел да влезе на вечерата на дописниците во Белата куќа.

Каролин Левит е во брак со американскиот претприемач Nicholas Riccio, кој е 32 години постар од неа. Парот се венчаше во 2025 година, непосредно пред таа официјално да ја преземе функцијата во администрацијата на американскиот претседател Donald Trump.

Интересно е што нивното прво дете се родило во 2024 година, токму во периодот кога започнувала претседателската кампања на Трамп, а сега семејството доби уште еден член со доаѓањето на малата Вивијана.

Share

The post Најмладата портпаролка на Белата куќа повторно стана мајка – Каролин Левит ја покажа малата Вивијана appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK