Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено.
„Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат.
Програмата започнува во 12:00 часот со DJ Resident, а од 13:00 часот најмладите ќе се забавуваат со омилените Поточиња. Попладневниот дел продолжува од 14:30 часот со „Блуз на трпеза“ во изведба на In the Mood / Spark, додека од 17:30 часот атмосферата ќе ја загрее DJ Carlito.
Вечерната програма носи уште повеќе музика и забава. Од 19:30 часот настапува Виа Скопје, по што од 21:30 часот следува DJ Александар Јорданов. Од 22:45 часот публиката ќе ја забавува Куку Леле, а музичката вечер ќе ја заокружи Ипче Брас Левис Бенд со настап од 00:00 до 01:00 часот.
Организаторите ги покануваат граѓаните да бидат дел од ова целодневно доживување исполнето со вкусови, музика и одлична атмосфера во Паркот на Франкофонијата
The post Скопје утре ќе мириса на европски вкусови – „Нож и Виљушка на европска чинија“ во паркот на франкофонијата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
