мај 8, 2026

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината.

Акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината.

„Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го враќаме на граѓаните. Со години уништени и напуштени возила заземаа тротоари, паркинзи и цели населби, создавајќи хаос, нечистотија и револт кај жителите”, изјави Меџити.

Тој нагласи дека акцијата има две важни димензии – практична и еколошка – бидејќи покрај ослободувањето на паркинг-просторот, се отстранува и сериозен еколошки проблем создаден од напуштените возила кои со години ја загадувале животната средина и го нарушувале изгледот на населбите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK