мај 8, 2026

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на градот.

Делегации од Советот на Општината, локалната самоуправа, политичките партии, здруженијата на пензионери, како и претставници на продолжувачите на делото на НОБ, оддадоа почит на историското значење на 9 Мај.

Во настанот учествуваа и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, кои со дефиле од училиштето до спомен-бистата во центарот на Пробиштип го одбележаа денот. По положувањето цвеќе, беше прочитан пригоден говор за значењето на мирот, слободата и европските вредности кои ги симболизира овој датум.

Share

The post Пробиштип испрати порака за мир и единство на денот на Европа и денот на победата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK