мај 9, 2026

Тетовската полиција истражува сериозен случај на интернет измама во кој 32-годишен управител на компанија останал без 175.275 денари, откако бил измамен преку лажна електронска пошта што изгледала како да е испратена од негов деловен партнер од странство.

Според информациите од СВР Тетово, измамата започнала на 6 март кога бизнисменот добил електронска порака од адреса која визуелно многу наликувала на вистинската адреса на странскиот соработник. Во пораката имало приложена профактура, што дополнително оставило впечаток дека станува збор за редовна и легитимна деловна комуникација.

Не сомневајќи се дека станува збор за измама, тој ја извршил уплатата на сметката наведена во електронската порака. Случајот останал незабележан речиси два месеца, сè до 5 мај, кога при телефонски разговор со вистинскиот деловен партнер било утврдено дека фактурата никогаш не била испратена и дека средствата завршиле на лажна банкарска сметка.

Откако сфатил дека е жртва на интернет измама, случајот веднаш бил пријавен во полиција. Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Овој инцидент повторно го отвора прашањето за опасноста од таканаречените „business email compromise“ измами, каде што хакери и интернет измамници користат лажни мејл адреси кои изгледаат речиси идентично со оригиналните, со цел да измамат компании и да изнудат големи финансиски трансакции.

Експертите предупредуваат дека фирмите мора дополнително да ги проверуваат банкарските податоци и сите барања за уплата, особено кога станува збор за меѓународни трансакции и промена на сметки за плаќање.

Share

The post Мислел дека плаќа на партнер од странство – тетовски бизнисмен измамен за над 175.000 денари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK