мај 10, 2026

Американските технолошки компании Apple и Intel постигнале прелиминарен договор според кој Intel би произведувал дел од чиповите за уредите на Apple, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Според информациите, разговорите меѓу двете компании траеле повеќе од една година, а клучните детали од договорот биле усогласени во последните месеци. Веста веднаш влијаеше врз берзите, па акциите на Apple пораснаа за околу два проценти, додека акциите на Intel забележаа скок од дури 14 проценти.

Договорот се смета за значаен чекор за Intel, кој во изминатиот период работи на зајакнување на своето производство на полупроводници и враќање на лидерската позиција во индустријата за чипови.

Минатиот месец Intel најави и партнерство со компании поврзани со милијардерот Elon Musk за производство на процесори за проектот „Terafab“.

Засега не е познато за кои конкретни производи на Apple ќе бидат наменети чиповите што би ги произведувал Intel, но аналитичарите оценуваат дека ваквата соработка би можела значително да влијае врз глобалниот пазар на полупроводници

Share

The post Apple и Intel пред историски договор за соработка: Дел од чиповите за iPhone би се произведувале во САД appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK