мај 10, 2026

Ѓ.С. од Тетово стана новиот среќен добитник на највисокиот ВЛТ џекпот – СУПЕР МИЛИОНЕР, кој изнесува импресивни 7.693.307 денари. Добивката била остварена на 28 април 2026 година на видеолотариски терминал во Тетово, поставен кај деловниот партнер „Моцарт“, со играта „Фламинг хот“.

Од тимот на Видеолотарија Касинос Австрија пристигнаа честитки до добитникот, со што уште еднаш се истакнува континуитетот на исплати на значајни награди на играчите низ земјата.

Во периодот од 27 април до 3 мај 2026 година, компанијата реализирала вкупни исплати од 14.012.512 денари кон корисниците на ВЛТ терминалите во Македонија. Структурата на добивките во овој период вклучува една СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот награда во износ од 7.693.307 денари, три МИЛИОНЕР џекпот добивки со вкупна вредност од 4.787.387 денари, како и МИНИ џекпот добивки кои заедно достигнале 1.531.818 денари.

Од компанијата посочуваат дека повеќе од десет години работат во рамки на важечките законски регулативи и меѓународни стандарди, нагласувајќи дека изминатата 2025 година била меѓу најуспешните досега. Според нивните податоци, на играчите им биле исплатени рекордни 814.512.912 денари, што претставува сума поголема од 13 милиони евра во џекпот добивки.

Share

The post Нов милионер во Македонија: Добитник од Тетово го освои “Супер Џекпотот” од 7,69 милиони денари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK