Новиот поглавар на Католичката црква, Папа Лав XIV, неочекувано стана вистинска сензација на интернет, откако во јавноста се појавија фотографии на кои тој носи бели Nike патики наместо традиционални папски обувки.
Фотографиите се дел од трејлерот за документарниот филм „Leone a Roma“, посветен на новиот папа, а на нив Лав XIV може да се види во традиционална бела папска облека, комбинирана со vintage модел на Nike – Nike Franchise Low.
Токму необичната комбинација на религиозна традиција и модерен уличен стил предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде корисниците масовно ги споделуваат фотографиите и коментираат дека „ова е најстилскиот папа досега“.

Објавата брзо стана вирална, а многумина низ шега го нарекоа „sneaker Pope“, односно „папата со патики“. Дел од корисниците пишуваат дека токму ваквите детали го прават новиот папа поблизок до младите генерации и модерната култура.
Фотографиите беа објавени од платформата NEXTA, која напиша дека „интернетот го обожава папата во патики“.
Иако Ватикан засега официјално не се огласил за модниот избор на папата, интернетот веќе ја претвори оваа сцена во глобален хит, а фотографиите за кратко време собраа илјадници реакции, споделувања и коментари ширум светот.
The post (ФОТО) Папата во Nike патики стана интернет хит: Социјалните мрежи „полудеа“ по новите фотографии на Лав XIV appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
