Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го одреди списокот на играчи за Ел Класико и гостувањето во Барселона, а на него не е напаѓачот Килијан Мбапе, но во тимот се врати голманот Тибо Куртоа.
На списокот се наоѓаат:
голмани – Куртоа, Андреј Лунин, Серхио Местре
одбрана – Давид Алаба, Трент-Александар Арнолд, Раул Асенсио, Алваро Карерас, Фран Гарсија, Антонио Ридигер, Дин Хујсен, Давид Хименез
среден ред – Џуд Белингам, Едуардо Камавинга, Орелијан Чуамени, Тијаго Питарч, Хорхе Кастро, Сезар Паласиос
напад – Винисиус Жуниор, Гонзало Гарсија, Брахим Дијаз, Франко Мастантуоно.
Натпреварот од 35-то коло од шпанското првенство помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра вечерва во 21:00 часот на стадионот „Камп Ноу“.
Барселона е лидер на табелата во шпанското првенство со 88 бода и доколку не загуби вечерва, ќе ја од шампионската титула три кола пред крајот на првенството. Реал е втор на табелата со 77 бода.
Foto/ depositphotos
The post Реал без Мбапе против Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
